Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се предлог – законите за изменување и дополнување на законите за служба во Армијата на Република Македонија, за пожарникарството, за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, поднесен од Емил Димитриев и Талат Џафери, сите по скратена постапка во второ читање, како и Предлог-законот за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија во прво читање, поднесен од група пратеници и Предлог – законот за дополнување на Законот за одбрана во прво читање.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат за предлог-законите за изменување на законите за персоналниот данок на доход и за платниот промет по скратена постапка во второ читање, за предлог-законот за задолжување на Република Македонија кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на Република Македонија – фаза 1 – делница Штип – Неготино – Битола и делница Скопје – Тетово – Гостивар”, по скратена постапка во читање.

На дневен ред на седницата се и Предлог – законот за изменување на Законот за гаранција на РМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за национални патишта, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и ЈП за државни патишта, Предлог – законот за дополнување на Законот за гаранција на РМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка и ЈП за државни патишта, сите по скратена постапка во второ читање.

Комисијата ќе ги разгледа и Предлог – законот за гаранција на РМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на патната делница Штип – Радовиш, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и ЈП за државни патишта, Предлог-законот за задолжување на РМ со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – СБ по Договорот за заем за Вториот Проект за подобрување на општинските услуги и Предлог – закон за изменување на Законот за задолжителни нафтени резерви, сите по скратена постапка во второ читање.

Законодавно-правната комисија ќе расправа за предлог – законите за изменување и дополнување на законите за служба во Армијата на Република Македонија, за пожарникарството, за измените на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, поднесен од Емил Димитриев и Талат Џафери, за измените на законите за персоналниот данок на доход и за платниот промет, сите по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред се и Предлог – законот за задолжување на РМ кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на РМ – фаза 1 – делница Штип – Неготино – Битола и делница Скопје – Тетово – Гостивар”, Предлог – законот за изменување на Законот за гаранција на РМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за национални патишта, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и ЈП за државни патишта, Предлог – законот за дополнување на Законот за гаранција на РМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – СБ и ЈП за државни патишта, сите по скратена постапка во второ читање.

Комисијата ќе ги разгледа и Предлог – законот за гаранција на РМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на патната делница Штип – Радовиш, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и ЈП за државни патишта, Предлог-закон за задолжување на РМ со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за Вториот Проект за подобрување на општинските услуги и Предлог – законот за изменување на Законот за задолжителни нафтени резерви, сите по скратена постапка во второ читање итн.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители