Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседават комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

Пред Комисија за политички систем се Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик, Предлог-законот за изменување на Законот за јавните службеници и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, сите по скратена постапка во второ читање.

Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа предлог измените на законите за здравствената заштита, за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за државните службеници, за јавните службеници и на Кривичниот законик, сите по скратена постапка и во втор.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправа по Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Седници на три собраниски комисии

Од:

Комисиите за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија денеска ќе одржат седници во Собранието на Република Македонија.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат по измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е утврдувањето на Предлог-одлука за именување на претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и на Предлог-одлука  за именување на член и заменик член на Комисијата за решавање на жалби од областа на енергетиката.

Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, на Законот за здравственото осигурување и на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, сите во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он