Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за одбрана и безбедност и за прашањата на изборите и именувањата.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, на Законот за возила, на Законот за државната статистика, на Законот за трговските друштва, на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, на Законот за технолошки индустриски развојни зони, на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали…, сите во право читање.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испаќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Европската унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и Предлог – законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во второ читање.

Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ќе ги утврди Предлог – одлуката за дополнување на Одлуката за избор на претседател, членови и заменици-членови на Советот на Собранискиот канал и Предлог – одлука за дополнување на Одлуката на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба