Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за  дополнување на Законот за  Државното правобранителство, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за вештачење, Предлог-законот за дополнување на Законот за процена и Предлог – законот за дополнување на Законот за бесплатна правна помош, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата ќе расправаат и по измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности во прво читање, по Предлог законот за амнестија на лица кои дале неточни изјави за годишните приходи во фондот за здравствено осигурување на Република Македонија во прво читање, како и по Предлог законот за изменување на Изборниот законик во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се измените и дополнувањата на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, на Законот за јавните патишта и Предлог законот за урбано зеленило, сите во прво читање.

Членовите на Законодавно-правна комисија меѓу другите точки ќе ги разгледаат  и Предлог – законот за градежните производи, измените и дополнувањата на Законот за електронска трговија, на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, на Законот за хемикалии и на Законот за квалитетот на земјоделските производи.

Пратениците ќе расправаат и по предлог – законите за дополнување на Законот за социјалната заштита и на Законот за семејството, двата во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски