Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика, за прашањата на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште и на Законот за безбедност на храната, како и Предлог – законот за престанување на важењето на Законот за водните заедници, сите во второ читање.

Члановите на Комисијата за труд и социјална политика треба да го разгледаат Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита, во второ читање.

На Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ќе се утврдува мислење по Предлог-правилникот за внатрешна организација на Службата на Собранието на Република Македонија и по Предлог-правилникот за систематизација на работните места во Службата на Собранието на Република Македонија.

Законодавно-правната комисија на дневен ред, меѓу другите, ги има предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната, на Законот за земјоделското земјиште, Предлог – законот за престанување на важењето на Законот за водните заедници, Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита, сите во второ читање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во прво читање…

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието