Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за надворешна политика и Законодавно-правната комисија. 

Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната, во прво читање е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за европски прашања.

Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе се произнесат по повеќе предлог закони за ратификации на договори меѓу Владата на Република Македонија и повеќе земји од областа на економијата и трговијата, за воена финансиска соработка и за полициска соработка.

Законодавно-правната комисија, покрај за предлог-законите за ратификација на договори кои се на дневен ред на Комисијата за андворешна политима ќе расправа и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија во второ читање.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции