Седници на собраниските комиси за надворешна политика и за следење на комуникациите

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за надзор над спроведување на мерки за следење на комуникациите и Законодавно правната комисија. На собранискиот сајт најавена е и работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се предлог законите за ратификација на Договорот на НАТО за соопштување на техничките информации во одбранбени цели, на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција во врска со формирање на Управувачки комитет за економска соработка, на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за заемна заштита на разменетите класифицирани информации, на Договорoт за заемна заштита на тајноста на пронајдоците кои се однесуваат на одбраната и за кои се поднесени барања за патентирање, на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за поттикнување и заемна заштита на инвестиции, на Протоколот за измена на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци.

Комисијата за надзор над спроведување на мерки за следење на комуникациите треба да одлучува за предлог Одлуката за распишување на јавен повик за изготвување листа дополнителни национални или меѓународни технички експерти од Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, како и за Предлог Програмата за работа на Комисијата во периодот јуни – август 2021 година.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието