Седници на шест собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и за прашања на изборите и именувањата.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во второ читање.

Комисија за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог-законите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, и двата во второ читање. Членовите на Комисијата ќе го разгледаат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање.

Предлог-законoт за дополнување на Законот за високото образование, во второ читање е единствена точка на дневен ред на седницата на Комисијата за образование, наука и спорт.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, во второ читање.

Комисијата за труд и социјална политика ќе ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семејството, во второ читање и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2013 година.

На дневeн ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски