Седници на шест собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за здравство, за образование, наука и спорт, за надворешна политика, за култура и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет се измените и дополнувањата на Законот за ревизија во второ читање и  Предлог – законот за задолжителни нафтени резерви во прво читање.

Членовите на Комисијата за здравство ќе расправаат по измените на Законот за санитарната и здравствената инспекција, на Законот за јавно здравје, на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина и на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, сите во прво читање. На седницата ќе бидаат разгледани и измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, двата во прво читање.

На седницата на Комисијата за образование, наука и спорт се дополнувањето на Законот за спортот во второ читање, измените на Законот за образование на возрасните во прво читање и Статутарна одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (прва фаза).

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика новоименуваните амбасадори на Република Македонија во Република Казахстан и во Обединетите Арапски Емирати, Илија Псалтиров и Сашо Ташевски, ќе ги претстават платформите за дипломатските активности.

На дневен ред на Комисијата за култура е Предлог-законот за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење во второ читање.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе ги утврдат Предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија и Предлог-одлуката за разрешување член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски