Седници на шест собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за одбрана и безбедност, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за транспорт врски и екологија, а две седници ќе одржи законодавно-правната комисија.

На дневниот ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, на Законот за државен пазарен инспекторат, на Законот за техничката инспекција и на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии, четирите по скратена постапка – второ читање.

Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите ќе ги разгледа годишните извештаи за работењето на Оперативно-техничката агенција за 2019 година и за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2019 година.

Комисијата за одбрана и безбедност има само една точка на дневниот ред – Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање, по скратена постапка – второ читање, поднесен од пратениците Хари Локвенец и Џеват Адеми.

По една точка на денешните седници ќе разгледаат и членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни паршања и тоа Упатството за примена на Kодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, како и на Комисијата за транспорт врски и екологија – Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило по скратена постапка, поднесен од пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачанин.

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници од кои на дневниот ред на првата е само Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило, по скратена постапка, а на втората се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, на Законот за техничката инспекција, и на Законот за минерални суровини, трите по скратена постапка, како и на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, во прво читање.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање