Седници на шест собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници треба да одржат комисиите за прашањата на избори и именувања, за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, за транспорт врски и екологија, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ја продолжи седницата што ја започна вчера. На дневен ред на седницата што почна вчера, меѓудругите се Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, Утврдување предлог – одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави, како и Утврдување предлог – одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО).

Тие треба да утврдат и Предлог – одлука за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Предлог – одлука за именување на членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

На дневен ред на оваа седница е и Проверка на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 120/2019) Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат по Предлог-законот за правосудниот испит, во прво читање, а членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија по Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство, во прво читање, и по Извештајот за реализација на годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија во 2018 година, а на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за виното, двата во прво читање и поднесени од пратеникот Панчо Минов.

Во Собранието денеска две седници треба да одржи и Законодавно-правата комисија, а на една од нив, која почна вчера, предлог точка е Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, за која беше одложена расправата на Комисијата за европски прашања.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали