Седници на шест комисии во Собранието на РМ

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат шест комсии.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања се предлозите за измени на законите за трговија и за државен пазарен инспекторат, двата во прво читање, Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, во прво читање, а членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја разгледаат Предлог – одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите Нации „УНИФИЛ“ во Либан.

Оваа точка е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија која, исто така, ќе расправа и по предлог-измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и по предлог-законите за приватните агенции за вработување и за поддршка на млади при купување музички инструменти, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледаат предлог-измените и дополнувањата на законите за акцизите и за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, а ќе ги разгледаат и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2017 година, како и предлог-одлуките: за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2018 година, за давање согласност на Годишната програма на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2018 годин и за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2018 година.

Комисијата за култура организира Надзорна расправа на тема „Законот за управување со Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство“.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање