Седници на повеќе собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура, за финансирање и буџет, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност и за образование, наука и спорт.

Членовите на Комисијата за култура денеска ќе го разгледуваат Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, како и Комисијата за образование и наука.

Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледува Годишниот извештај за работата на Народната банка на Република Македонија за 2013, Извештајот за напредокот на земјата, како и измените и дополнувањата на Законот за кредитно биро, во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, измените и дополнувањата на Законот за здравјето на растенијата, во второ читање и измените на Законот за земјоделско земјиште, во прво читање.

Пратениците-членови на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе дебатираат за Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, дополнувањата на Законот за извршување на санкциите и измените и дополнувањата на Законот за судските такси, двата во прво читање.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за пожарникарството, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Седници на повеќе собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за одбрана и безбедност и Комисијата за економски прашања.

Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи расправата по Предлог-буџетот за 2013 година, а Комисијата за труд и социјална политика ќе одржи продолжение на седницата на која расправа по Предлог на закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка, поднесен од пратениците од мнозинството.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита и Предлог-закон за приватно обезбедување, и двата во второ читање.

Комисијата за економски прашања ќе расправа по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва  во второ читање.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции