Седници на повеќе собраниски комисии

Од:

Пред утрешната пленарна седница, денеска во Собранието ќе се состанат членовите на повеќе комисии. Седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за одбрана и безбедност, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на законите за судските такси и за заштита на укажувачи, двата во прво читање.

Комисијата за европски прашања ќе го разгледува Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, во прво читање.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја разгледуваат Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за Коронавирусот COVID-19 и спречување од негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја продолжи јавната расправа по Информацијата за состојбите со лозаропреработувачкиот сектор во 2020 година, предложена од опозицијата.

Во Собранието ќе се одржат и две седници на Законодавно -правната комисија.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието