Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На седницата на Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред е Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување по скратена постапка.

Комисијата за здравство ќе расправа по Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување и Законот за здравствена заштита и двата по скратена постапка.

На дневен ред на седницата на Комсијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за процена по скратена постапка.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации по скратена постапка.

На Законодавно-правната комисија на дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за процена, Законот за здравствена заштита, Законот за здравственото осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Законот за електронските комуникации сите по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за економски прашања, за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се ратификациите на Договорот за соработка во областа на културата и на Договорот за потврдување на периодите на осигурување за остварување право на пензија меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово.

Пред членовите на Комисијата ќе се најде и ратификацијата на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за ветеринарна соработка.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државната статистика, во прво читање.

На седницата на Комисијата за труд и социјална политика ќе бидат разгледани Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2012 година, измените и дополнувањата на Годишниот финансиски план за 2013 година на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, како и Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и малолетничкото престапништво во 2012 година.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за државната статистика, како и измените на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, двата во прво читање.

На дневен ред на седницата се и барања за автентично толкување на членови од Законот за основно образование, од Законот за високото образование, од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, како и Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (прва фаза).

ЗКП ќе ги разгледа ратификациите на договори меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово, пречистениот текст на Законот за железничкиот систем, како и измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и малолетничкото престапништво во 2012 година, како и измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, во прво читање.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов