Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за политички систем, за надворешна политика, за европски прашања и законодавно правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за изменување дополнување на Законот за јавните претпријатија, на Законот за возила и на Законот за трговските друштва, сите во прво читање, како и Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2013 година

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледуваат Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и малолетничкото престапништво во 2013 година.

Комисија за надворешна политика, пак, ќе расправа по предлог законите за ратификација на :00 часот Протоколот кој се однесува на дефиниција на поимот „производи со потекло“ и методи на административна соработка кон Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот Договор за слободна трговија, на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за размена и заемна заштита на класифицирани информации и на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Индија за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход.

Пред членовите на Комисијата отчетно обраќање ќе има амбасадорот Петар Јовановски за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Државата Израел

Законодавно-правна комисија ќе одржи три седници. На првата ќе го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност – ИИ читање. На втората седница Комисијата ќе го разгледува Текстот на Нацртот на амандмани на Уставот на Република Македонија, додека на дневен ред на третата седница, меѓудругите, се Предлог-закон за дополнување на Законот за спортот, Предлог-законот за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културнио наследство од особено значење, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија…

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија и Предлог-законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, двата во прво читање.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во републичкото Собрание за денеска се најавени седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, на Законодавно-правната комисија, и на комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за европски прашања.

Комисијата за труд и социјална политика треба да расправа за предлог-законите за изменување на законите за инвалидски организации и за безбедност и здравје при работа, во прво читање, и за Предлог-законот за заштита на децата, во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог законот за дополнување на Кривичниот законик, во прво читање,  поднесен од пратеници од опозицијата.

Законодавно-правната комисија, пак, ќе ги разгледува предлог-законите за изменување и дополнување на законите за превоз во патниот сообраќај, и за водите, Предлог-законот за договорите за превоз во патниот сообраќај. Членовите на Комисијата ќе расправаат и за предлог-законите за изменување на законите за инвалидски организации и за надворешни работи, за Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за правна помош во граѓански и кривични предмети и за барањето согласносност за Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор. Предлогот на дневниот ред се дополнува, меѓу останатите со  предлог-законите за ратификација на Договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина и на Амандман на Статутот на Меѓународната финансиска корпорација, како и предлог-законите за изменување и дополнување на законите за електронските комуникации  и за стандардизација, во прво читање, Предлог-национална стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да дебатираат за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за виното и за сточарство, во прво читање, и за Предлог-закон за земјоделски задруги, во прво читање.

Пред Комисија за европски прашања за расправа се доставени Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за правна помош во граѓански и кривични предмети и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното, во прво читање.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски