Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат пет собраниски комисии.

На дневниот ред на Комисијата за европски прашања се предлог законите за меѓународно приватно право и за неевидентирани лица во матична книга на родени, двата во читање.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за образование, наука и спорт е јавната расправа по Предлог-законот за младинско учество и младински политики, поднесен од претениците Ивана Туфегџиќ, Мери Лазарова, Слаѓана Митовска, Невенка Стаменковска Стојковски, Агим Шаќири, Теута Биљали, Нола Исмајлоска и Реџеп Мемеди.

Комисијата за надворешна политика ќе расправа за предлог законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки и на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за отворање на заеднички граничен премин Лојане-Миратовец.

Извештајот на Јавниот обвинител за примена на посебни истражни мерки во 2018 година ќе биде на дневниот ред на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Закондавно-правната комисија ќе одржи две седници со вкупно 33 точки на дневиот ред меѓу кои и предлог-законите за меѓународно приватно право во прво читање, и за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за отворање на заеднички граничен премин Лојане-Миратовец.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање