Седници на седум собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за одбрана и безбедност, за здравство, за транспорт, врски и екологија, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност се предлог-законите за изменување на законите за производство и промет на вооружување и воена опрема, за управување со кризи, за пожарникарството, за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, во второ читање.

Комисијата за здравство треба да дебатира за Предлог-законот за дополнување на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, по скратена постапка, во второ читање, а Комисијата за транспорт за предложените измени на законите за управување со пакување и отпад од пакувањето, за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, за управување со отпадот, за заштита на природата, за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, за животната средина, за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, за градење, исто така по скратена постапка  во второ читање.

Предлог – законите за изменување и дополнување на законите за тутун и тутунски производи, за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за квалитет и безбедност на ѓубриња, биосимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, за органско земјоделско производство, по скратена постапка се на дневен ред на Комисијата за земјоделство. Членовите на таа Комисија треба да се изјаснат и за предлог законите за изменување и дополнување на законите за рибарство и аквакултура, за вршење земјоделска дејност,  за производи за заштита на растенијата, по скратена постапка, за виното, по скратена постапка……

Комисијата за образование ќе ја продолжи расправата за предлог на законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“. На седницата на Комисијата за политички систем, пратениците ќе расправаат по единствената точка за предлог на законот за нотаријат

За повеќето точки од дневниот ред на закажаните седници на комисиите треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители