А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Седници на пет собраниски комисии

by А1он12/01/2016 - 08:4092
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија, за образование, наука и спорт, како и за економски прашања.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пред Законодавно-правната комисија која треба да одржи две седници, се вкупно 31 точка од различни сфери: финансии, економија, социјала, здравство, администрација,…

Членовите на Комисијата ќе ги разгледаат предлог-законите за утврдување цени на водните услуги, за изменување на Законот за спортот, за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, како и за изменување и дополнување на Законот за енергетика, сите по скратена постапка, во второ читање,…

На дневен ред е и Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со втор дел од заем кај Европската инвестициска банка по Финансискиот договор за Проектот за изградба на автопатот на Коридор 10 на делницата Демир Капија – Смоквица, исто така по скратена постапка, во второ читање.

Следете a1on на Youtube YouTube

По оваа точка ќе расправа и Комисијата за финансирање и буџет на чиј дневен ред се уште и предлог – измените и дополнувањата на Законот за субвенционирање на станбен кредит, како и на Законот за Народната банка на Република Македонија.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледа предлог – законите за утврдување цени на водните услуги, како и за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, додека пред Комисијата за образование, наука и спорт се измените на Законот за спортот, по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за економски прашања која исто така треба да одржи две седници, ќе дебатираат околу Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони во прво читање, како и за измените и дополнувањата на Законот за енергетика, по скратена постапка во второ читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео