Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт, транспорт, врски и екологија, земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет, меѓудругите, ќе бидат разгледани предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за лизинг, Законот за ревизија, Законот за чек, Законот за меница и Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, сите по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт треба да ги разгледаат предлог законите за изменување и дополнување на Законот за основното образование, Законот за средното образование, Законот за високото образование, Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, Законот за наставниците во основните и средните училишта, Законот за учебници за основно и средно образование… исто така, сите во скратена постапка и во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за транспорт и врски меѓудругите се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за заштита на природата, Законот за генетски модифицирани организми, Законот за водите, во скратена постапка и во второ читање.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство пак ќе расправаат по Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за ловството и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, двата во скратена постапка.

На седницата на Законодавно-правната комисија се предлог-законите кои се на дневен ред на останатите  работни тела на Собранието.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Седници на пет собраниски комисии

Од:

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за вештачење во прво читање е на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, кој е дополнет и со Предлог-закон за медијација и со предлог-закони за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка и на Законот за управната инспекција, сите три во прво читање.

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт ќе расправа по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, во прво читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе одржи петто продолжение од седницата посветена на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година.

На дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика е Предлог на закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, во прво читање, поднесен од опозициските пратенички групи во Собранието на РМ. Дневниот ред на седницата на оваа комисија е дополнет со Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита во прво читање.

Четири предлог-закони, сите во прво читање, се во агендата на Комисијата за одбрана и безбедност –  за изменување и дополнување на Законот за детективската дејност, Законот за приватно обезбедување, Законот за оружјето и на  Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он