Седници на комисиите за економски прашања и за труд и социјална политика

Од:

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за труд и социјална политика.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се Предлог – законот за енергетика во второ читање и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи во прво читање.

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ќе одржи две седници. На првата седница ќе биде разгледан Извештајот на Законодавно правната комисија по Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица во второ читање, а на втората ќе се одржи јавна расправа на тема „Потребата од заедничко родителство во Република Македонија, после развод и разделба“.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги