Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници треба да одржат комисиите за образование, наука и спорт и за финансирање и буџет.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се измените на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење и на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, двата во прво читање поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство.

На Комисијата за финансирање и буџет на дневен ред се измени и дополнувања на Законот за акцизите, измени на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, измени и дополнувања на Законот за царинска управа, сите во второ читање и Предлог на закон за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, во прво читање поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски