Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за економски прашања.

На дневен ред на Комисијата за политички систем е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, по скратена постапка во второ читање, поднесен од Талат Џафери, Илија Димовски, Џеват Адеми, Рамис Мерко, Магдалена Манаскова, Благица Ласовска, Весна Пемова и Ѓорѓи Коџабашиев.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе ги разгледаат Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка – второ читање и Предлог законот за изменување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка – второ читање, поднесен од Владанка Авировиќ, Љупчо Димовски, Стојан Миланов.

Би можело да ве интересира

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет