Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт и за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог-закон за вработување на сто најдобро дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија, во прво читање. Со Предлог – законот се уредува вработувањето на сто најдобри студенти од прв циклус студии на еден од петте најдобро рангирани јавни универзитети во земјата.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледува Предлог – законот за изменување на Законот за престанување на важење на законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, во прво читање, чии предлагачи се пратениците од СДСМ Горан Сугарески и Васко Ковачевски. Со Предлог-законот се предвидува мандатот на членовите на Комисијата за верификација на фактите да биде со траење до 1 септември 2016 година.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски