Седници на четири собраниски тела

Од:

Во Собранието на Македонија денеска треба да заседава Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

На дневен ред е Предлог Деловникот за работа на Комисијата.

Седница во законодавниот дом треба да одржи и Буџетскиот совет на Собранието. Ќе се расправа за Предлог стратешкиот план на Собранието на РМ за периодот 2016-2018 година и за Предлог – буџетското барање на Парламентот за 2016-та, а треба да биде утврдено и мислење по Предлогот за продажба на движни ствари во Собранието на кои потребата од користење е престаната.

Комисијата за одбрана и безбедност, пак, ќе ја разгледа Предлог – одлуката за испраќање припадник на АРМ за учество во мировната операција на Европската унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, а Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе расправа за новите развојни стратешки цели и родовата еднаквост – еднаквите можности на агендата во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители