Седници на четири собраниски комисиии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност во прво читање и Предлог-среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2016-2020 година.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да се изјасни за Предлог законот за престанување на важење на Законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност во прво читање поднесен од: Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити и Антонио Милошоски.

Пратениците на Законодавно-правната комисија ќе дебатираат за повеќе точки меѓу кои и за Предлог – измените и дополнувањата на законите за данокот на додадена вредност, за превоз во патниот сообраќај, за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, за Предлог – законот за национална база на податоци за лица со инвалидност, во прво читање, како и за утврдување пречистени текстови на законите за ветеринарно здравство и за безбедност на храна.

Единствена точка на дневен ред на Комисијата за транспорт врски и екологија е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање