Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет и за образование, наука и спорт, Комитетот за односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, двата по скратена постапка и во второ читање.

Пред членовите на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог – законот за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и Предлог законот за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, и двата во прво читање.

Презентацијата на предлог-програма за работата на Комитетот за односи меѓу заедниците во текот на 2021 година, е на дневен ред на седницата на овој Комитет.

На дневен ред на седницата на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on