Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и буџет, за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно – правната комисија.

Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, по скратена постапка, во второ читање, е единствената точка по која ќе расправа Комисијата за финансирање и буџет.

За спроведување на интервју на пријавени кандидати на Јавниот повик за ангажирање на двајца технички експерти за постојана поддршка, ќе дискутираат пратениците – членови на на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно – правната комисија е Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on