Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за труд и социјална политика, за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдување предлог за избор на член на Судскиот совет и утврдување предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители. Членовите на оваа Комисија ќе разгледуваат и барања од пратеници за остварување на надоместокот за закупнина на стан, барање од поранешен пратеник за исплата на отпремнина поради заминување во пензија и иницијатива за утврдување предлог кандидат за избор на потпретседател на Собранието, поднесена од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе дискутираат по Предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2020 година, Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, во прво читање. Членовите ќе дискутираат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог-законот за дополнување на Законот за заштита на децата, и двата по скратена постапка и во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог-законот за изменување на законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, како и измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и на Законот внатрешни работи, поднесен од група пратеници, сите во второ читање.

Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа предлог-законските решенија кои се на дневен ред на претходните комисии.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада