Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за локална самоуправа, за здравство и Законодавно-правната комисија.

На дневниот ред на седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија се Статутот на Агенцијата за електронски комунинкации, во прва фаза и Предлог-зкаонот за изменување и дополнување на Законот за градење, во прво читање.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија, во второ читање, е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за локална самоуправа.

Законодавно-правната комисија ќе расправа по предлог-законите за изменување на Законот за образование на возрасните, за задолжителни нафтени резерви, на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, на Законот за продажба на становите во општествена сопственост, сите во второ читање, како барања за давање автентично толкување.

Членовите на Комисијата за здравство ќе дискутираат по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, на Законот за јавно здравје, како и на Законите за прекинување на бременоста, за земање и пресадување делови од човечкото тело и за медицинските студии и континнуираното стручно усовршување, сите во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, законодавно-правната комисија, за одбрана и безбедност и Комисијата за култура.

Предлог-законот за матичен број, во второ читање е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Законодавно – правната комисија на седницата ќе расправа по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за лизинг, на Законот за управување со отпадот, на Законот за странци и на Законот за научно-истражувачка дејност, сите во прво читање. На агендата се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, на Законот за просветна инспекција и на Зкаонот за иновациска дејност, сите во второ читање.

Членовите на оваа комисија меѓу другото ќе расправаат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, во второ читање.

На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност се очекува да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за странци, во прво читање.

Пратениците-членови во Комисијата за култура на денешната седница ќе дискутираат по Предлог-законот за дополнување на Законот за заштита на културното наследство, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски