Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, за европски прашања и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се измените на Законот за државјанство и на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат за предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем и за измените на Законот за жичари и ски-лифтови, двата во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог на закон за фитофармација, Предлог-закон за општа безбедност на производите и измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва, сите во прво читање.

Седница ќе одржи Законодавно -правната комисија,на чиј дневен ред се предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем и за изменување на Законот за жичари и ски-лифтови, и двата во второ читање, како и барањата за давање на автентично толкувањена членовите 21 и 40 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија” бр. 78/15,106/15,153/15,190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/19), поднесени од градоначалникот на Општина Куманово.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба