Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Парламентот денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за економски прашања и Законодавно – правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, Предлог – законот за изменување на Законот за Владата, поднесен од група пратеници, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, поднесен од група пратеници, сите во второ читање, и Предлог на резолуција за промени и подобрување на положбата на Ромите во Република Северна Македонија.

Овие точки се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија која, како што е најавено, ќе одржи две седници.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат за „Промоција на поддршката на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија преку Компонентата за зајакнување на капацитетот за ЕУ интеграција, во рамките на два постојни проекти, финансирани од амбасадите на Норвешка и Шведска“.

На седницата, како што е најавено, ќе се обратат претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби, амбасадорот на Кралството Норвешка Арне Санес Бјорнстед, амбасадорот на Шведска Матс Стефансон и Венелин Рангелов од Канцеларијата на Обединетите нации за проектните услуги.

Единствена точка на дневен ред на седницата на Комисијата за економски прашања е Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика (II фаза).

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он