Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за европски прашања и за труд и социјална политика.

Комисијата за економски прашања од предложените точки на дневен ред ќе расправа за предлози за изменување на законите за безбедност на производите, за заштита на потрошувачите како и за контрола на предметите од скапоцени метали.

Пратениците од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во прво читање ќе го разгледаат предлогот за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој. Во прво читање членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат за предлог законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај како и за прдлогот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.

Комисијата за труд и социјална политика ќе одржи јавна расправа на тема Нацрт Национална стратегија за деинституционализација 2018-2027.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски