Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за одбрана и безбедност, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за образование, наука и спорт организира јавна расправа за Предлог законот за високо образование.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се предлог-одлуките за разрешување и именување на претседател и членови на УО на Агенцијата за цивилно воздухопловство, за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи за соработка со парламенти на други држави, како и за изменување на Одлуката за избор на на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на собраниските комисии.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат за предлог-законите за следење на комуникациите и за Оперативно – техничка агенција, во второ читање, како и за измените и дополнувањата на Законот за оружјето, во прво читање.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски