Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт, врски и екологија, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ловството во прво читање поднесен од група пратеници.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат за предлог-законите за изменување на законите за електронските комуникации и за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, двата во прво читање, како и за Предлог-законот за урбано зеленило во прво читање, поднесен од група пратеници.

Комисија за труд и социјална политика ќе ги разгледа Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2016 година, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог-законот за изменување на Законот за работните односи и Предлог-законот за остварување право на пензија за работниците во рударството, сите во прво читање.

На дневен ред на Законодавно-правна комисија се предлог – законите за изменување и дополнување на законите за културата, за заштита на културното наследство, за филмската дејност, за административни службеници, за управната инспекција, за инспекциски надзор, за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за архивски материјал, за реализирање на рамноправноста на службените јазици и писма во Република Македонија, за амнестија, за ловство, за електронските комуникации, за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, за урбано зеленило, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за работните односи, за остварување право на пензија за работниците во рударството, сите во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги