Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собарнието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за европски прашања, за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе расправа за Предлог-одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската Унија, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Предвидено е од декември 2017 до јуни 2018 година да се испрати доктор во Тимот на доктори за Role 1 Medical Facilities, во кампот Бутмир, во Сараево. Финансиските трошоци за транспорт, плати, надоместоци на плати, логистичките трошоци на припадникот на Армијата, подготовките и организацијата за учество во мировната операција ги обезбедува Министерството за одбрана.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог – законот за рестриктивни мерки, во прво читање.

Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе расправаат за Предлог-законот за рестриктивни мерки, во прво читање, за Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачки дозволи и за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина за меѓусебно ослободување од визи за носителите на дипломатски и службени пасоши.

Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа сите законски решенија кои се на дневен ред на овие собраниски комисии.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он