Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за здравство и Комитетот за односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за извршување, по скратена постапка во второ читање читање, поднесен од пратениците Невенка Стаменковска, Илија Димовски, Драган Данев.

Членовите на Комисијата за европски прашања треба да ја продолжат расправата по Предлог – законот за употреба на јазиците, во прво читање, а на Комисијата за здравство Предлог – законот за изменување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, по скратена постапка во второ читање.

Комитетот за односи меѓу заедниците, пак, треба да го разгледа Изборот на претседател и заменик на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on