Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска се закажани седници на четири комисии.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија е Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризната состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти на територијата на Македонија.

Оваа точка прво ќе биде разгледана на овие две комисии по што за неа ќе расправаат пратениците во рамки на седмата седница на Собранието на Република Македонија.

За попладне прва седница има закажано Постојаната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, а седница ќе одржи и Комисијата за одбрана, наука и спорт.

Членовите на Постојаната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот ќе ги разгледаат Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот сид за човекови права за 2016, Годишниот извештај за работата на Бирото за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права и Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита од дискриминација за 2016 година.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се извештаите за работата на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции