Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Предлог-законот за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, во второ читање, и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за архивски материјал во прво читање, се на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат по Предлог – законот за ратификација на договорот помеѓу Швајцарската конфедерација, претставувана од страна на Сојузната канцеларија за бегалци, Таубенстрасе 16, ЦХ-3003 Берн, и Република Австрија, претставувана од страна на Сојузното министерство за внатрешни работи, Херренгасе 7, А-1010 Виена, во врска со воспоставувањето и функционирањето на „Меѓународниот центар за развој на миграциската политика (ИЦМПД)“ во Виена, со измени и дополнувања.

На агендата на седницата се и предлог-законите за ратификација на договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за полициска соработка, на дополнителниот протокол кон Европската повелба за локална самоуправа за правото за учество во работите на локалната власт, како и на протоколот за изменување и дополнување на Спогодбата од Маракеш за основање на Светската трговска организација. Ќе се разгледуваат и предлог – законите за ратификација на дополнителниот протокол 4 на договорот за измена и пристапување на Централниот европски договор за слободна трговија, на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Саудиска Арабија за одбегнување на двојното оданочување по однос на даноците на доход и заштита од даночна евазија, како и на Предлог-закон за изменување на Законот за заштита и спасување, по скратена постапка, на Предлог-законоте за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, по скратена постапка и на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка.

Се очекува пратениците на оваа седница да дискутираат и по Предлог – законот за гаранција на Република Македонија на обврските по договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка и ЈП за државни патишта, по скратена постапка, по Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, по скратена постапка, а меѓу другите и за Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност , во второ читање. На дневниот ред е и Предлог-законот за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност.

Комисијата за транспорт, врски и екологија на денешната седница ќе расправа по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за градење, на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, двата по скратена постапка, како и по Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2014 година и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќа.

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет, како што е најавено, ќе се расправа за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, по скратена постапка, за Предлог – закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка и ЈП за државни патишта, по скратена постапка, како и за Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во второ читање и за Годишните извештаи за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија за 2014 година, за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2014 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на пазарот на осигурување во Република Македонија во 2014 година и за финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2014 година.

Би можело да ве интересира

Левица: Само шесте пратеници на Левица гласаа против Африм Гаши, ДПМНЕ денес капитулира

Предраг Петровиќ

Собранието ги верификуваше мандатите на 118 пратеници

Африм Гаши предложен за претседател на Собранието со 75 потписи од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Левица нема да поддржи Албанец да биде претседател на Собранието

Мицкоски: Апасиев имаше бланко понуда да се придружи кон македонското национално единство, тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови за одмор

Катерина Ѓуровски

Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието

Катерина Ѓуровски