Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во републичкото Собрание за денеска се најавени седници на комисите за труд и социјална политика, за здравство, за транспорт, врски и екологија и за надворешна политика.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат за Предлог – законот за национална база на податоци за лица со инвалидност, во прво читање, а на Комисијата за здравство за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, во второ читање.

На дневен ред на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија е Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во второ читање.

Комисијата за надворешна политика  треба да се изјасни за Предлог – законот за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка и Протоколот за спроведување финансиска поддршка помеѓу владите на Република Македонија и на Република Турција, како и за Предлог – законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Македониjа и Европската унија за учество на РМ во Програмата на ЕУ „Вработување и социјални иновации”.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on