Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комитетот за односите меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности во второ читање.

Членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците ќе ја разгледаат Предлог Програмата за работа на овој Комитет и Информацијата за спроведување и реализација на Охридскиот рамковен договор, изготвена од Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Предлог-одлука за именување на член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат по измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход, на Законот за квалитетот на земјоделските производи, на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и  на Законот за јавните патишта, сите во второ читање.

На седницата ќе бидат разгледани и измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување во прво читање, измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности во второ читање, како и неколку ратификации на договори.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on