Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањата и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Првите читања на предлог – законите за дополнување на законите за семејството и за социјалната заштита, второто читање од предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2014 година се на дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе дебатират по предлог-законите за отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување, за изменување и дополнување на Законот за девизно работење, за дополнување на Законот за Централен регистар и за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка, сите во второ читање. На дневен ред се и првите читања од предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, за изменување и дополнување на Законот за денационализација и за изменување и допoлнување на Законот за експропријација.

На Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Утврдување предлог – одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија и Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претсеадтел и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин”.

Пред членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство е второтот читање од предлог-законот за дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска