Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците, за здравство и Законодавно-правната комисија.

На Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе бидат разгледани Годишните извештаи за работата на Агенцијата за пошти, на Македонската радио телевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година, потоа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај во прво читање, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти во второ читање.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледаат годишните извештаи за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Агенцијата за администрација, и на Државната комисија за спречување на корупција во 2014 година.

На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала во прво читање.

Законодавно-правната комисија, меѓудругите ќе ги разгледува и Предлог – законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Унгарија, за социјално осигурување и социјална сигурност, Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти во второ читање, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во прво читање, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за библиотеките, исто така во прво читање…

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието