Седници на анкетна комисија и три собраниска комисии

Од:

Во Собранието денеска седници ќе одржат Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Комисијата за европски прашања, Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот е усвојување заклучоци од шестата седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието одржана на 19 јули 2018 година

Комисија за европски прашања на седницата ќе ги разгледа Предлог – законот за Судскиот совет на Република Македонија, Ивештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог – законот за акцизите и Предлог-законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, сите во второ читање.

Комисијата за труд и социјална политика ќе го разгледа Предлог-законот за социјалната заштита, по скратена постапка, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка и Предлог-законот за социјална сигурност за старите лица, по скратена постапка, сите во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги