Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија

Од:

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и простории на Република Македонија, во прво читање, денеска доби поддршка од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.

Со измените на Законот се врши подобрување на постапката за електронско јавно наддавање и нејзино прилагодување на холандскиот модел на аукции, начинот на пријавување на понудувачите и потребните документи за поднесување пријава за учество, образложи заменик-министерот за транспорт и врски Ниметула Халими.

Се предлага промена на начинот на продажба и давање под закуп на деловните простории, односно наместо досегашниот модел за одредување на цената по метар квадратен ќе се користи вкупната цена на деловниот простор кој што е предмет на продажба или давање под закуп.

–  Сегашната обврска на понудувачите да достават депозит во висина од 2 до 5  проценти од почетната вредност на јавното наддавање, се менува со обврска за доставување банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2  проценти од почетната вредност на јавното наддавање, појасни Халими.

Се предвидува и изрекување забрана за учество во постапките за јавно наддавање за продажба или давање под закуп на деловни простории на понудувач кој во рок од 15 дена нема да ги уплати парите за деловниот простор. Поднесувањето на пријавите ќе се врши исклучиво по електронски пат, а се менува и начинот на спроведување и текот на електронската аукција. Со нов член, 6-а, се регулира дека доколку субјектите кои ќе продаваат или даваат под закуп деловен простор во објавата пропишат услови за учество на огласот, освен доказ за идентитетот на понудувачот и банкарска гаранција, задолжително бараат мислење од Советот за јавни набавки доколку пет или помалку од пет домашни и  пет или помалку од пет странски субјекти можат да ги исполнат условите од огласот.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија во тек на расправата за Законот за превоз во патниот сообраќај, во второ читање, прифатија амандмани со кои, според пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, се овозможува рамноправен третман на сите субјекти при  купување автобуски билети. Се менува ставот со кој беше уредено дека превозникот мора да продава билети на организирани места за продавање како  што се автобуски станоци.

– Субјектите сметаат дека на овој начин правиме монопол на еден субјект и затоа предлагаме амандман  со кој се овозможува возните билети  исклучиво да се продаваат преку унифициран електронски систем со електронско плаќање на билетите. Сметаме дека на овој начин даваме подеднакви услови како на туристичките агенции, така и на превозниците, но и на секој кој сака да купи автобуска карта, рече Затуроска.

На седницата на Комисијата за транспорт и врски беа усвоени и законските измени на законите за водите, во прво читање, за јавните патишта, за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, за внатрешна пловидба и за сигурност во железничкиот систем, сите во второ читање.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов