Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред утврдува предлог-одлуки за избор на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Комисијата ќе расправа и за утврдување предлог-одлука за избор на заменик-директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, за утврдување предлог-одлука за именување претседател и членови на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и за именување член на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on