Седница на Собранието на Република Македонија

Од:

Собранието на Република Македонија на пролжението на 62. седница ја почна расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште по скратена постапка. Целта на неговото донесување е да се овозможи  земјоделското земјиште во државна сопственост да биде предмет на продавање под услови и на начин утврдени со закон.

Ивон Величковски од опозициската Либерална партија реагираше што овој предлог-закон и наредниот што е на дневен ред – Предлог-закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост – се донесуваат  по скратена постапка. Смета дека без увид и стручна расправа се постапува неправилно и се создаваат нови услови за приватизација каква што имаше во 1990-тите.

– Создавате иста средина и исти последици како непромислениот начин на  приватизација во 1990-тите години. Го поддржуваме концептот на приватна сопственост, но создавате услови мала екипа, владина или  политичка олигархија, да одлучува за прашања од кои ќе зависи профитот и производството од земјоделското земјиште, рече Величковски.

Владејачкото мнозинство му возврати дека имало јавна расправа со земјоделците од која произлегле насоките за овој закон.

– Тезата дека нешто се прави заткулисно, не држи. За законот имаше јавна расправа и можевте да присуствувате таму, како и на седница на Комисијата за земјоделство, рече  Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија.

На барање на пратениците од ДПА, собраниската седница е прекината еден час.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on