Седница на Комитетот за управување со кризи, тема невремето во Тетовско

Од:

Состојбите по невремето во Тетовско, како и мерките што треба да бидат преземени за надминување последиците биле тема на денешната прва седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи со која претседавал раководителот на овој комитет, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба, било заклучено Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со Општина Тетово и регионалниот штаб за управување со кризи, веднаш да преземе активности за санација и расчистување на теренот зафатен од силното невреме во Тетовско.

Исто така, Министерството за транспорт и врски било задолжено, веднаш, во текот на оваа вечер да закаже итен координативен состанок со сите надлежни институции под негова надлежност, со цел да се направи детален акциски план со работни активности по институции, согласно расположливите ресурси од институциите, во насока на расчистување на теренот зафатен од силното невреме во Тетовско, со посебен акцент на двата паднати моста.

Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за транспорт и врски и доколку е потребно да се ангажира механизација од Армијата на Република Македонија, да преземат активности со цел нормализирање на состојбите во погодениот регион од силното невреме.

Било заклучено и дека општина Тетово, во соработка со соседните општини, веднаш треба да обезбеди механизација и искористување на ресурси и механизација во насока на расчистување на теренот зафатен од силното невреме во Тетовско и нормализирање на состојбите во погоденото подрачје.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски