Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 39-та седница.

На дневниот ред на седницата, како што најавија од ДКСК, е усвојувањето на записниците од 30-та седница продолжение, 36-та седница и 36-та седница продолжение.

Исто така, на дневниот ред ќе бидат и извештаите од антикорупциска проверка на легислатива, поточно Законот за високото образование и Закон за стратешки инвестиции, правилник за начинот на работа и користење, просторните, техничко-технолошките и другите карактеристики на надзорниот информациски систем, обемот и начинот на неговото следење и начинот на неговото поврзување и размена на податоците со информацискиот систем на Управата за jавни приходи.

Потоа Закон за трговските друштва и Закон за здравствената заштита со фокус на одредбите за вработување на здравствени работни, односно соработници и можноста да примаат спонзорства и донации од физички или правни лица.

На дневниот ред ќе бидат и информациите по предмет 12-2830 во однос на користење на буџетски средства од страна на државните органи, информирање за исполнување на обврската за доставување на анкетен лист за престанок за функцијата пратеник во мандатен период 2016-2020 година и постапување по конкретни предмети.

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?