Седница на Централниот одбор на ДОМ: Загриженост за задирањето во идентитетските прашања

Од:

„ДОМ одржа седница на Централниот одбор на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација, како и за организациски прашања. Во повеќечасовната дискусија беше дискутирано за проблемите во спроведувањето на реформите, кои се неопходни за спречување на иселувањето, посебно на младите луѓе. Членовите изразија и загриженост за идентитетските прашања, во кои се задира по повеќе основи. Побараа надминување на поделеноста на општеството по сите основи, која, заедно со исклучивоста, се особено штетни во овие моменти.

На седницата беа донесени повеќе заклучоци:

1. ДОМ ќе продолжи да ги поддржува процесите на евро-атланска интеграција на Република Македонија, кои ги гледа како единствена алтернатива за стабилност и просперитет на земјата.
2. ДОМ ќе продолжи со поддршката на реформските процеси во насока на градење правна држава со висок квалитет на живеење, спремен да даде придонес во повеќе области, особено во областа на животната средина“ се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!